Ташевска-Ременски: Не сум криела никаква документација во МТСП
Министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска Ременски како шпекулации ги оквалификува информациите дека таа криела одредена документација за таа да не му биде достапна на дополнителниот заменик министер Диме Спасов. Три дена по таквите шпекулации, рече таа, имало вонреден инспекциски надзор, по кој имало забелешки, кои, како што потенцира, најмалку одат во прилог на тезите дека некој нешто криел или некој нешто не доставувал до некого.
- Она што можам најодговорно да го кажам е дека по објавата во медиум на таа шпекулација дека министерката Ременски криела некаква документација во МТСП, Министерството три дена по ред имаше вонреден инспекциски надзор и од Државниот управен инспекторат, од Архивот на Република Македонија и од Инспекцискиот совет. Но, во она што го добивме како записници беа констатирани комплетно спротивните наводи во овој дел на обвинувањата. Беше потврдено и со инспекцискиот надзор и во делот на Архивот за некакво уништување на некаква архивска документација, дека се работи по Закон во МТСП, исто така и во делот на Инспекцискиот совет. Во делот на записникот којшто го добивме од Државниот управен инспекторат беа нотирани одредени забелешки и недоследности во спроведувањето на Законот за архивско работење и Уредбата за канцелариско работење коишто биле забележувани и во минатото кога по исто такви анонимни пријави од загрижени вработени во Министерството постапувал Управниот инспекторат, но тие најмалку одат во прилог на тезите дека некој нешто криел или некој нешто не доставувал до некого, рече министерката одговарајќи на новинарско прашање по посетата на Домот за стари лица „Мајка Тереза“.
Таа додаде дека правата и одговорностите од Законот за спроведување на Влада како за министерот, така и за дополнителниот заменик-министер ги ставаат пред одговорноста пред се да се грижат за функционалноста и организацијата во Министерството за труд и социјална политика, наспроти, како што рече, обидите целокупното работење да се става на тапет во манипулативен контекст што не оди во прилог и на угледот на Министерството, а најмалку на носителите на функции коишто си дозволуваат такви коментари.
Негира и дека отстранила синдикален претавник во МТСП. Напротив, рече, она што го правиме во изминативе години и го покажавме и во претходниот мандат е одблокирување на многу закочени процеси на регистрација на гранкови синдикални организации.
Одговарајќи на новинарско прашање, таа рече дека се се невистинити информациите дека разрешила членови на Комисиите за посвојување, туку само била, како што рече, направена коренција на членови кои не ги исполнувале законските услови.
Таа не прецизираше дали ќе следат разрешувања на директорите на центрите за социјални работи.
- Јас сакам за македонската јавност да го истакнам фактот дека во моментот осум директори на центри за социјални работи во РМ ја исполнија нивната законска обврска да го потпишат менаџерскиот договор со министерот што имале обврска да го потпишат веднаш по изборот за директор што избор се случил 2014-2015 година. За мене како министер, но и за МТСП и генерално за целокупниот процес којшто е пред нас, е недозволиво неисполнување на законска обврска во вршење раководна функција на директор којшто не си ги исполнил законските обврски. Не би шпекулирала во делот на разрешувања, има и кривична одговорност тука во тој дел, така што ќе оставиме на времето и на нивната одговорност да видиме како ќе се одвиваат состојбите, рече Ташевска Ременски, одговарајќи на новинарско прашање.
Ново на Сител
-
Биткоинот достигна вредност од над 90,000 долари
-
Скопјанец осомничен за обид за убиство на подмолен начин
-
Тошковски: Ставањето во функција на „Безбеден град“ е со цел да се подобри безбедноста на патиштата и да се намали бројот на жртви
-
Во Кина студент со нож уби најмалку осум лица, рани 17
-
Измамена велешанка - И кажале дека и следуваат 20 илјади евра, па пратила 600 евра
-
Притворен малолетникот кој на автобуски станици во Карпош со нож повредил двајца малолетници
-
Мигранти влегле во камион без знаеење на возачот и се обиделе да влезат во Македонија
-
Пронајдена дрога во Скопје, приведени повеќе лица