Живот
19. March 2016 - 16:37

Тарзан се враќа на големото платно

Кралот на џунглата, Тарзан ќе се врати на големото платно, преку новиот акциско-авантуриситчки филм на продукциската куќа „Ворнер Брос“ - „Легендата за Тарзан‟. 

Главниот лик во филмот ќе го глуми Швеѓанецот Александер Скарсгард, познат од серијата на Ејџ-Би-Оу, „Вистнска крв‟.

Сите детали од филмот се уште не се познати, но од трејлерот може да се види дека овој пат ќе уживаме во љубовна приказна меѓу Тарзан и Џејн, која ќе ја толкува Маргот Руби.

Тие двајца ќе се вратат на опасностите и непредвидливите авантури во џунглата, каде сега цивилизираниот Тарзан мора да им се врати на своите диви корени.

Во филмот исто така глумат и Семјуел Л. Џексон, Џимон Хунсу, Џон Харт, Џим Броудбент и Кристоф Валц.

Режијата е на Дејвид Џејтс, додека за сценариото се задолжени Адам Козад и Крег Бревер.

Во кината филмот може да се очекуваме на 1 јули 2016 година, а ќе биде дистрибуиран во 2Д и 3Д формат.