Таравари најави вработување на 30 до 60 медицински сестри во ГОБ „8-ми Септември“
Постои недостиг на сестри во некои оддели и одлучивме да најдеме решение во што поскоро време за вработување на 30 до 60 медицински сестри, изјави министерот за здравство Арбен Таравари по денешната посета на ГОБ „8-ми Септември“.
- Од тука одам на седница на Влада. Ќе разговарам и со министерот за финансии и со премиерот за што поскоро да го решиме проблемот. Да вработиме барем со договор на дело одредена бројка медицински сестри, со која би ја амортизирале состојбата, па понатаму да вработиме уште една група на медицински сестри за да достигнеме до оптимумот, кој што е 60 вработувања, изјави Таравари.
Посочи дека има недостаток и од болничари и доктори, меѓутоа, тоа што е акутно се медицинските сестри.
- Ќе почнеме со бројка од 30 во најскор можен период, па потоа ќе одиме на уште 30, заедно со болничари, друг медицински персонал и доктор, изјави Таравари.
Директорот на ГОБ „8-ми Септември“ Сашо Стојчев, рече дека болницата работи интензивно и изрази надеж дека со новите вработувања ќе може да го отворат операционите сали и листите на чекање не бидат долги.
- Преоптеретеноста на средно медицинскиот персонал е главна причина за затворање на одредени одделенија, кои во летниот период обично биле затворени. Капацитетите никогаш не биле преполовени, 80 кревети се се уште затворени, но затоа другите останати се 95 проценти пополнети, изјави Стојчев.
Посочи дека најмногу влијае тоа што се затворени операционите сали.
- Во попладневните часови наоѓаме можност по две до три, четри операции за да се растерети утринскиот програм бидејќи тој е елективен, а попладневните и вечерните операции се ургентните состојби во кои се оперираат пациенти кои не би го зазеле местото наредниот ден. Затоа тука екипите се максимално зајакнати со тројца анестезиолози и со четири хирурзи, за да можеме утринските саати да ги растеретиме, изјави Стојчев.
Ново на Сител
-
Крај на големото тениско ривалство: Ѓоковиќ го победи Надал во Ријад
-
Минчев: Министерството за јавна администрација в понеделник со конкрени насоки за сите огласи, конкурси, унапредувања по укинувањето на „Балансерот“
-
На аеродромот во Тирана регистрирана рекордна бројка патници, до година во функција и аеродромот во Валона
-
Гвардиола подготвен да помогне да се најде нов менаџер на Манчестер Сити
-
Прекин на дуелот меѓу Работнички и МЗТ
-
44-годишник претепал полицаец кој му напишал казна на неговиот син
-
Почина четиримесечно бебе во Гостивар
-
Ердоган и Шолц разговараа за зајакнување на одбранбената соработка