Таравари: Има терапија што може да ги замени лековите што недостасуваат на Онкологија
Има терапија што може да ги замени лековите што недостасуваат на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија во Скопје, изјави министерот за здравство Арбен Таравари на денешната прес-конференција.
Тој рече дека разговарал со директорот на клиниката и бил информиран во детали за што станува збор.
-Јас пред состанокот се слушнав со директорот на Онкологија, бев информиран во детали, се работи за три - четири лека, што недостасуваат, не повеќе од четири дена. Од вторник, сите лекови, бидејќи процедурата е завршена на 11, меѓутоа се чека, има право за жалба. Тоа се процедурите. Мора да ги причекаме и после тоа, од вторник, сите овие лекови ќе бидат достапни за сите пациенти. Меѓутоа во меѓувреме за сите лекови што недостасуваат, а се четири, има терапија што може да го замени лекот што недостасува, одговори Таравари на новинарско прашање.
Министерот рече дека треба да се размислува за законски измени за да не се случува поради административни процедури, да недостасуваат лекови.
Ново на Сител
-
Баро: Путин е пречка за мирот, потребни се нови санкции против Русија
-
Баерн подготвува емотивно збогување со ветеранот Милер
-
Путин и Трамп разменија честитки по повод 80-годишнината од победата над нацистичка Германија
-
Во Москва средба Вучиќ - Си Џинпинг
-
Бискупот Стојанов упати честитки до папата Лав Четиринаесетти
-
Потребна е итна санација на патот во Галичник
-
Затворени пет бензински пумпи во Солун и во Атина поради измами со гориво
-
В недела посебен режим на сообраќај во Скопје