Таравари им ја честита Новата година на сограѓаните и ги посети дежурните служби
Гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари во
видеообраќање на сите жители на општина Гостивар им ја честита новата година и нагласи дека претходната е завршена со над сто проекти. Тој ги посети дежурните служби на полицијата и противпожарната единица.
– Со гордост ве известуваме дека ја затвораме 2021 година со над 100 спроведени проекти. Овие проекти директно влијаеја на подобрување на квалитетот на животот на граѓаните. Активностите на терен покажуваат дека сме работеле во секоја област: образование, патна инфраструктура, канализација,
водовод, рекреација, култура, рече Таравари.
На новогодишната ноќ, придружуван од соработниците и претседателот на Советот на Општина Гостивар, Ваљбон Лимани ги посети дежурните служби на полицијата и Противпожарната единица и Полициската станица во Гостивар.
Таравари смета дека токму кога во вечерта кога повеќето прославуваат, пожарникарите, полицајците заедно со медицинските работници се на работните места и се грижат прославата да помине без последици. Тој информриаше дека вечерта, имало еден пожар и дежурна екипа на Противпожарната единица имала интервенција на терен.
На новогодишната ноќ во гостиварско одделение за гинекологија и акушерство, немало породување и на првиот ден од новата година нема регистрирано новороденче.
Ново на Сител
-
СДСМ: Власта да не го игнорира загадувањето
-
Грипот и респираторниот синцицијален вирус ја наполнија клиниката “Козле” со болни деца
-
Граѓаните на Шуто Оризари се решени ѓубрето од дома да го однесат пред Град Скопје, вели Османовска
-
Нема откуп на годишната реколта на ориз, министерот смирува, ќе се откупува за стокови резерви
-
Преглед на вестите од светот
-
Пет интерпелации на денешната собраниска седница
-
ДУИ за видеото на Ахмети во униформа на УЧК - Тоа е неговата биографија
-
Тошковски за видеото на Ахмети - Неуспешен обид за дефокусирање од криминалите