Таравари го оспори изборот на претседавач на општинскиот совет, од ДУИ обвинуваат за непочитување на волјата на граѓаните
Препирките околу изборот на претседател на совет на општина Гостивар продолжувуваат. Денеска на прес-конференција, Насер Муслиу од ДУИ, кој на конститутивната седница беше избран за претседател на советот обвини дека градоначалникот не дозволува процедурите да се спроведат до крај и дека го опструира целиот процес.
Од кабинетот на градоначалникот на општина Гостивар Арбен Таравари потврдуваат дека е донесено решение за запирање на објавувањето на Одлуката за избор на Претседател на Советот на општина Гостивар, бидејќи не е донесено во согласност со Законот за локалната самоуправа, Статутот на општината, како и Деловникот на Советот.
- На Конститутивната седница на Советот, предлогот дојде од Комисијата за верификација, мандатни прашања, избори и именувања, која според Деловникот на Советот на општина Гостивар, не е надлежна за предлагање на кандидат за претседател на Советот на Општината, се наведува во писмената реакција на општина Гостивар.
Од ДУИ пак сметаат дека актуелниот градоначалник освен што не ја почитува волјата на граѓаните, тој не ги почитува законите.
- Грубо се прекршени и законите во овој случај. Решението со кое го оспорува изборот на претседател на советот од страна на мнозинството се носи по истекот на рокот од 7 дена и дополнително закаснување од десет дена, рече Насир Муслиу претседател на советот на општина Гостивар.
Тој го обвини градоначалникот Таравари дека со решението не ја почитува волјата на граѓаните со тоа што ја оспорува одлуката на мнозинството во Советот на општината за избор на претседател на советот.
Пред речиси еден месец на 17 ноември на конституивната седница на Советот на општината, која беше прекинувана во неколку наврати. Со мнозинство гласови 16 за и два воздржани, во отсуство на членовите од ВМРО-ДПМНЕ, Алијансата за Албанците, Беса и ДНЕТ, беше избран претседател на Советот на Општината.
Во писменото обраќање од градоначалничкиот кабинет велат дека наскоро ќе се формира ново мнозинство и граѓаните на Гостивар ќе имаат два функционални органи на единицата на локалната самоуправа, односно градоначалник и совет, кои ќе ја одразуваат слободната волја на граѓаните на Општина Гостивар.
Ново на Сител
-
Пукање во паб во Торонто, 12 лица повредени
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје поради маршот за „8 Март“
-
Рубио: Дејствата на Додик ги поткопуваат институциите на БиХ и ја загрозуваат нејзината безбедност
-
Две лица полесно повредени во сообраќајка со повеќе возила на Партизанска
-
Утрото студено, а потоа сончево и топло до 23 степени
-
Симулациска вежба за вонредни состојби на скопскиот аеродром
-
„За СИТЕ жени и девојки: Права. Еднаквост. Зајакнување“ - Меѓународен ден на жената
-
Бошков: Бизнис конфедерацијата на Македонија се залага работниците и работовачите сами да преговараат за минималната плата