Свет
8. March 2025 - 9:17

Пукање во паб во Торонто, 12 лица повредени

Дванаесет лица се повредени во инцидент со пукање во паб во Торонто, соопшти полицијата. Како што е наведено, сомничениот се уште е во бегство.

Полицијата истражува пукање што се случило синоќа во пабот „Скарборо“, јави Си-Би-Ес њуз. Повредените лица се пренесени во болница, но засега нема информации за нивниот пол и возраст.

Портпаролот на градот Торонто рече дека меѓу повредените има и со полесни и со критични повреди.