Таравари: Барам доверба дека АА ќе влезе во изборна трка со албанската опозиција
Претседателот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари вечерва побара поддршка од партиските органи за здружување со албанската опозиција.
- Верувајќи непоколебливо во моите колеги партиски членови и во нашата заедничка визија, барам доверба дека Алијансата за Албанците ќе влезе во изборна трка со албанската опозиција, а заедно ќе го направиме најдоброто за оваа држава!, напиша Таравари на својот официјален фејсбук профил.
- По неколку недели чести консултации и состаноци, по длабоко лично размислување, време е јавно да ја објавам мојата позиција како партиски лидер во однос на парламентарните избори. Имајќи ги предвид вредните и љубезни предлози на сите пријатели, членови и поддржувачи, избрав и да го слушам гласот на луѓето што денес зборува појасно од кога било. Граѓанинот бара Промена! Народот бара политички систем ослободен од корупциската епидемија, која стана најголема пречка за благосостојбата и развојот на Албанците во Северна Македонија, напиша Таравари.
Во објавата на Фејсбук Тарвари јавно го повикува партиското Собрание да го поддржи на ова, како што наведува, патување и заедно, да го поздравиме овој процес кој го нарекувам голема и долго чекана промена.
- Никогаш оваа промена не била побезбедна и поранлива. Никој нема поголем кредибилитет од Алијансата да ја донесе оваа промена! На пат сме, на патеката сме поплочена од Арбен Џафери. Овој пат ќе нè води таму каде што припаѓаме, во големото европско семејство, секогаш негувајќи го постојаниот сојуз со САД и НАТО со кои ја делиме иста визија и исти вредности, се вели во објавата на Фејсбук.
Ново на Сител
-
Усвоени измени на Законот за царинска тарифа, се намалуваат царинските стапки на 67 стоки и се либерализира трговијата со САД
-
Биди кокиче на новиот живот | Дора Попова | Sitel Podcast 099
-
70-ти роденден на Кисела Вода и Културно лето: “Се на свое место”
-
Две девојки повредени при сообраќајна незгода
-
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата
-
Жеден еж спасен по пожар во Грција
-
Усвоена информација за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението 2025-2030
-
Мицкоски: Првата препрека ја поминавме, извештајот се очекува на пленарна седница да биде ставен меѓу 7 и 11 јули