Танцовото студио „Dance Team Fusion“ од Куманово на светско првенство во Полска
Балетско-танцовото студио „Dance Team Fusion“ од Куманово ќе ја претставува државата на светското првенство за современ танц што ќе се одржи во ноември во Миколајки, Полска. Тоа ќе биде прво учество на светско првенство за танцовото студио од Куманово во кое членуваат околу сто млади и деца.
Јуниорската група млади ентузијасти на возраст од 12 до 15 години освои прво место на државното првенство во танцување кое се одржа во Скопје. За победничката кореографија насловена „Dear Future Generations“ е изработен и видеозапис. Автори на кореографијата се Бојана Додевска и Леона Стојчевска.
- Темата на кореографијата беше загадувањето на воздухот и како тоа влијае врз животот на луѓето. Претходно учествуваме на натпревар во Амстердам, каде исто така освоивме прво место, но ова е наше прво учество на светско првенство, изјави кореографката Стојчевска.
Танцовото студио вечер од 19.30 часот во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ ќе одржи годишен концерт и настап на современ танц со учество на сите членови, како и гости од Скопје и Штип.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Мицкоски го повика Филипче лично да му го претстави планот за лидерска
-
СДСМ бара одговорност за Тошковски
-
Денеска нема исписи на пациенти повредени во пожарот во Кочани – 105 во болниците во земјата и странство
-
Детектор анкета: Стабилна поддршка за ЕУ членство, песимизам за прием
-
Големо парче лим откорнато од зграда во Капиштец виси на дрво и може да падне врз минувачите
-
Граѓаните од муслиманската вероисповед денеска го празнуваат Рамазан Бајрам
-
Апел за обука на угостителите