Танасоски: Преку регионална соработка до полесен проток на стоки низ царинските процедури
Претставници на царините од државите на ЦЕФТА учествуваат на дводневната работилница посветена на изготвување регионална стратегија за управување со ризиците што од денеска се одржува во Охрид.
Директорот на Царинската управа на РС Македонија Ѓоко Танасоски истакна дека регионалната стратегија за управување со ризиците претставува мошне важна алатка како еден од основните постулати на Берлинскиот процес, кој претставува единствена регионална зона и заедничко управување со ризиците.
– Оваа работилница во тој контекст ја дава драфт-верзијата на регионална стратегија за упрваување со ризиците врз основа на што ќе се базира и натамошната соработка меѓу царинските управи во регионот, што на крајот има за цел формирање заеднички портфолија насочени кон значително олеснување на трговијата. Тоа ќе ја засили конкурентноста на економските оператори и ќе им овозможи зајакнување на позициите во регионалните синџири на снабдување, рече Танасоски.
Кога станува збор за самите ризици, тие во царинскиот аспект имаат големо влијание во однос процентот физички и контроли на документацијата што треба да се сведат на минимум.
– Тоа значи да се контролира високоризичната стока, додека нискоризичната да биде ослободена за проток, со што ќе се добие олеснување на протокот на патници и стока низ царинските служби, рече Танаскоски.
Инаку, станува збор за петта по ред средба на субјекти од царинските управи на земјите во регионот, организирана со поддршка на Германското друштво за соработка.
Ново на Сител
-

Обрадовиќ повеќе не е тренер на КК Црвена Звезда
-

Трамп го уверил Нетанјаху дека секој конечен договор со Иран ќе го вклучи и иранското нуклеарно досие
-

Уапсен тетовец кај Фонтана во Градски парк, физички нападнал полицаец
-

Мицкоски: Народ кој не ја познава својата писменост лесно станува туѓ во сопствената историја
-

18-годишник со автомобил излетал од патот и тешко се повредил
-

Во летниковец на Средно Водно пронајдено безживотно тело на 64-годишен маж
-

Константин Филозоф – св. Кирил: 42 години живот и дело што се памети 12 века
-

Уапсен водич во автобус од Косово, пробал да подмити полицајци со 50 евра

