Тактичка вежба со боево и артилериско боево гаѓање на „Криволак“
Тактичка вежба со боево гаѓање и артилериско боево гаѓање со минофрлачи 120мм се одржи денеска на „Криволак“ во рамки на теренската вежба „Одлучен удар“, која од 5 јуни до 9 јули, во две ротации се одржува на Центарот за поддршка на обуката.
Игор Манасовски директор на вежбата посочи дека оваа вежба и сите активности се резултат на процес што бил планиран година и половина заедно со партнерите на нашата Армија од Пенсилванија, Колорадо националната гарда од САД, Бугарија, Албанија, Црна Гора.
-Вежбата во основа треба да обезбеди зголемување на нивото на интероперативност и интеракција на сите учесници и на крајот да овозможи опспособеност на сите елементи за да можат да функционираат заеднички во некоја идна заедничка операција со нашите парнери, наведе Манасовски.
Тој посочи дека бројот на учесници во вежбата ќе достигне до 2.700 лица, дека во неа се вклучени повеќе од 400 моторни возила, како и воздухоплови од нашата Армија и од САД, наведувајќи дека во моментов на полигонот „Криволак“ се наоѓаат околу 1.800 војници.
-Покрај редовните воени активности, исто така, планираме и интеракција со цивилното население/ Ќе посетиме неколку градови: Гевгелија, Свети Николе, Кавадарци, Радовиш, Струмица, Гостивар, Битола и Скопје. Сите овие активности ќе обезбедат нашата професија да се доближи до граѓаните на Северна Македонија, истакна Манасовски.
Шефот на Бирото на националнтата гарда на САД Џозеф Ленгиел потенцираше дека нашата земја е долгогодишен парнер на САД. Нагласи дека со вежбата „Одлучен удар“ се испраќа силна порака до сите непријатели дека САД и нејзините сојузници постојано вежбаат и дека го подигаат нивото на подготвеност. Тој упати благодарност до војниците и нивните семејства за нивниот придонес и наведе дека полигонот „Криволак“ е многу голем и добро подготвен за изведување вежби со употреба на оружје.
Нашата Армија и војската на САД учествуваат со по 1.300 војници, додека Црна Гора со 75, Литванија 10, Бугарија 25 и Албанија со 25 војници. Со вежбата војските ќе обезбедат синхронизација на расположивите сили и капацитети и зголемување на интероперативноста меѓу силите за специјани операции на партнерските земји.
Ново на Сител
-
Уште две деца повредени по новиот предизвик на „Тик ток“, хоспитализирана 15-годишна девојка
-
Вооружен грабеж во „Комерцијална банка“ во Чаир
-
Тошковски: 10 минути пред да пристигне полицијата Груби добил информација и побегнал
-
Тошковски: Ќе покажеме дека криминалот и насилството се неисплатливи во Македонија
-
ФИФА и се извини на Украина што покажа карта без Крим во нејзината територија
-
Тошковски: Со истрагата за криминалната група „Беланоца-Барон“ најмалку седум убиства се расветлени
-
Меџити ја претстави Планската програма за почист воздух 2024-2030
-
Пронајдена почината британка на улица во Скопје