-->
-->
Тактичка вежба на АРМ на полигонот Криволак
-->

Армијата на Република Македонија со изведба на тактичка вежба со боево гаѓање „Засилен механизиран пешадиски баталјон во напад“ што се одржа денеска на армискиот полигон Криволак, го прикажа нивото на обученост и извежбаност на своите припадници во извршување на офанзивни операции на поголеми здружени состави од повеќе нејзини единици.
- Приказот на мерките и процедурите во извршување на борбените постапки во сложени услови на воиштето, со употреба на голема огнена моќ ја претстави подготвеноста на АРМ за исполнување на уставната мисија за заштита на територијалниот интегритет и суверенитет, но и за сите предизвици кои се очекуваат од НАТО предводените операции, се вели во соопштението од Армијата на Република Македонија.

На вежбата присуствувал и претседателот на Република Македонија и Врховен командант на Армијата, Ѓорге Иванов, кој во обраќањето пред припадниците на АРМ оддал признание за професионалното однесување, високата мотивираност, покажаните вештини и обученост не само за беспрекорно изведената вежба, туку и за сите ангажирања на припадниците на АРМ во справувањето со елементарните непогоди.

-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Родители во Велика Британија поднесоа тужба против ТикТок поради податоци за починати деца
-
Македонија со пораз од Естонија остана без пласман на Европското кошаркарско првенство
-
Доктор: Животот на папата Франциск не е во опасност, тој е добро расположен
-
Украинските војници не сметаат дека наскоро ќе има крај на војната
-
Полицаец се самозастрела во Скопје
-
47-годишен турчин измамен во Штип за сума од 3.550 евра
-
Минчев: Меџити да не се однесува како Алиса во Земјата на чудата
-
Извори од Ватикан: Денес или утре ќе се знае како папата Франциск реагира на новата терапија