Тајванскиот Уставен суд ги озакони истополовите бракови
Тајван е првата азиска држава која ги озакони истополовите бракови, пренесоа француските медиуми, повикувајќи се на соопштение на Уставниот суд.
Судот смета дека делот од законот, што бракот го определува како сојуз меѓу маж и жена, ги нарушува уставните гаранции за еднакви права на луѓето.
Судот за противуставни ги прогласи нормите на Граѓанскиот кодекс, кои не дозволуваат на две лица од еден ист пол „да создадат постојан сојуз од интимна и исклучителна природа со цел да преземат обврски да водат заеднички живот“.
Согласно одлуката на Уставниот суд, овие делови од законот се во спротивност со слободата на луѓето да склучуваат брак (чл. 22 од тајванскиот Устав) и уставната гаранција за еднаквост пред законот (чл. 7 од тајванскиот Устав).
Во своите мотиви за одлуката Судот посочува дека слободата да стапиш во брак се состои од слободата „дали да стапиш во брак“ и „со кого ќе стапиш во брак“. Оваа автономија е суштествена за нормалниот развој на личноста и зачувување на човековото достоинство, образложи Уставниот суд на Тајван.
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар