Свет
19. September 2024 - 9:02

Тајван ги зајакнува безбедносните врски со САД и сојузниците

Тајван ја зајакна својата борбена способност благодарение на продлабочените партнерства во областа на безбедноста со САД и други сојузници, изјави министерот за одбрана на Тајван Вилингтон Ко.

Тој истакна дека овие односи се често намерно премолчувани поради нивната чувствителност. Тајванскиот министер додаде дека соработката се фокусира на суштинско подобрување на борбените способности, а не само на формално ниво.

САД имаат законска обврска да го снабдуваат Тајван со средства за одбрана и двете земји разменуваат воени посети и обуки.