Тајниот американски авион „Х37“ се врати на Земјата по две години во вселената
Американскиот суборбитален разузнавачки авион „Х-37 Б“ денеска успешно се приземји на космодромот во Кејп Канаверал, по над 700 дена минати во орбитата, соопштија американските воено-воздухопловни сили, цитирани од ТАСС.
„Х-37 Б“ се врати од орбитата и безбедно се приземји во вселеснкиот центар „Џон Кенеди“. Леталото мина над 700 дена во вселенското пространство“, на Твитер посочија американски ВВС.
Ова беше четврти лет на леталото. Тајниот проект „Х-37 Б“, вселенско тест летало на компанијата Боинг (Boeing), во 1999 година почна да се користи од НАСА. Првично леталото за повеќекратни употреби „Х-37 Б“ беше наменет за ремонт на сателити во орбитата. Во 2004 година, меѓутоа, програмата беше прогласена за тајна и им беше предадена на користење на американските ВВС.
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата