-->
-->
Тајната на изгледот на Путин: Етикетите на оделото на рускиот претседател никој не смее да ги види, еве и зошто
-->
Рускиот претседател Владимир Путин го доби прекарот Човекот во црно поради боата на неговите одела. Меѓутоа, иако дипломатскиот протокол и строгите правила на облекување не оставаат многу простор да се „опушта“. Путин сепак одлучил да ризикува и да го прошири својот спектар на бои.
Не е тајна дека Путин носи одела по нарачка. Неговите омилени марки се Китон и Бриони ( по тоа прашање претседателите и тајните агенти имаат ист вкус). Такво одело најмногу чини до 5.000 евра.
Еден кројач го шие од почетокот до крајот и тој процес трае повеќе од десетина часови. Спектарот на бои на претседателските бои е доста ограничен и кај рускиот претседател преовладуваат црната, темносината и сивата, а во летните денови може и посветли бои.
Комбинацијата на боите воглавно се непроменливи. Со темносино одело оди светло плава кошула и темноплава кравата, со црно одело оди бела кошула со црна или бордо кравата.
Претседателот не смеат да го поврзуваат со одредени марки и поради тоа стилистот кој го облекува повеќе од десетина години ги отстранува сите етикети од костумите, за да не им паднат во очи на некои од новинарите. Оваа процедура воглавно важи и за градаробата на сите останати високи функционери. За неформалните настани вообичено облечен е кежуал, меѓутоа кога е во прашање претседател тој е ограничен со блузи и црни ролки и јакна.
Она што најмногу привлекло внимание кај Путин е неговата колекција на рачни часовници, кои новинарите успеале да ги забележат а меѓу најскапите часовници на раката не претседателот чинел половина милион евра.
Откако таа информација е во јавноста, Путин го крие часовникот кога е во јавнст или воопшто не носи.
.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Опасност од нови силни врнежи: Жителите на Валенсија повикани да останат во своите домови
-
Новинарка во Скопје добила закани на социјалните мрежи
-
Пријава за сомнение за киднапирање на дете
-
Четворица мртви и 17 повредени во верижен судар во Мичиген
-
Силен земјотрес од 5,2 степени го погоди Халкидики
-
Орбан: Победата на Трамп ќе ја натера Европа да ја преиспита поддршката за Украина
-
Мајка пријавила во полиција обид за грабнување на нејзината тригодишна ќерка
-
Ембер и Зверев во финалето на Мастерсот во Париз