„Тајмс“: Зеленски преживеал најмалку три обиди за атентат во последните денови
Според британски „Тајмс“, украинскиот претседател Володимир Зеленски преживеал најмалку три обиди за атентат во последните денови. „Тајмс“ неодамна објави дека платеници од т.н Вагнер групa и чеченските специјални сили биле испратени да го елиминираат Зеленски.
Денеска пишуваат дека некои членови на руската Федерална служба за безбедност, кои се против војната, направиле дојава за плановите за атентат до Украина и дека „вагнерите“ претрпеле загуби во нивните обиди да го убијат Зеленски.
„Неверојатно е колку е добро информиран тимот што го чува Зеленски“, изјавил извор за „Тајмс“, додавајќи дека еден обид за атентат се случил во саботата, цитирајќи ја изјавата од Украина дека чеченски убијци биле елиминирани во предградијата на Киев.
Британски „Тајмс“ претходно објави дека рускиот претседател Владимир Путин испраќа група од околу 400 платеници од т.н. Вагнер групa го убијат украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Вагнер групата е приватна милиција која, според „Тајмс“, добила наредба од Владимир Путин да го убие Зеленски и 23 други украински владини функционери, што би ѝ олеснило на Москва да ја преземе контролата врз Украина.
Станува збор за група високо обучени платеници контролирани од Евгениј Пригожин, близок соработник на рускиот претседател, кој често го нарекуваат „готвач на Путин“. Тие наводно пристигнале пред пет недели и им биле понудени огромни суми пари за атентатот на Зеленски.
Да потсетиме, Зеленски во неколку наврати изјави дека е мета број еден, додавајќи дека руските специјални сили го бараат.
Ново на Сител
-
Пo 50 години конзервација на мозаиците на локалитетот Стакина чешма во Валандово
-
Преглед на вести од светот
-
Тема на денот со екс амбасадорот во Бугарија, Марјан Ѓорчев
-
Без новиот Закон за заштита на конкуренцијата ќе нема кој да контролира трговци
-
Љутков: Изградбата на Универзална е стопирана, бидејќи не се знае во чие владение е салата, следуваат кривични пријави
-
Вреди задоволни што сработиле во првите 100 дена во Владата на Мицкоски
-
Анкета на Мкд.мк: Рејтингот на власта расте, но корупцијата се уште е најголем проблем
-
Лани околу 9000 пациенти во Македонија починале од кардиоваскуларни заболувања