Тајфунот Доксури го погоди Виетнам, евакуирани околу 300.000 жители
Тајфун со максимална брзина на ветрот од 135 километри на час, именуван Доксури, го погоди денеска централниот дел на Виетнам.
Засега нема информациии за евентуални жртви, а евакуирани се околу 300.000 жители, соопштија локалните власти.
Според нив, пред налетот на тајфунот се евакуирани 79.000 жители од најзагрозените села во пет централни провинции, а 210.000 лица се префрлени на безбедни места.
Виетнамскиот министер за земјоделство Нгујен Сјуен Цуонг за државната телевизија ВТВ изјави дека безбедноста на луѓето е приоритет на Владата на Виетнам.
Во налетот на тајфунот најтешко се погодени шест крајбрежни населби во провинцијата Ха Тињ, каде е предизвикана голема материјална штета, урнати се повеќе покриви, оштетени столбови за струја и паднати дрвја.
Доксури е „тропската депресија“ која со послаб интензитет во вторникот ги погоди Филипините, каде загинаа најмалку четири лица, а уште шест се водат како исчезнати.
Метеоролозите предупредија на опасност од поплави и лизгање на земјиштето во одделни делови од северниот регион и во централниот дел на Виетнам. Се очекува тајфунот да го намали интензитетот пред да стигне до Лаос, утре изутрина.
Виетнам има 93 милиони жители и често се соочува со поплави и бури кои секоја година предизвикуваат човечки жртви.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости