Тајани побара гарантирани права за граѓаните на ЕУ во Велика Британија по Брегзит
Претседателот на Европскиот Парламент, Антонио Тајани, и британскиот премиер, Тереза Меј, се едногласни дека правата на граѓаните на ЕУ, кои живеат во Обединетото кралство, треба да се гарантираат што е можно побрзо во преговорите за Брегзит, пренесоа американските медиуми.
Претседателот на ЕП денеска се сретна со Меј во нејзината резиденција на „Даунинг стрит“ 10, за да ги разгледаат целите на европратениците во преговорите, што се очекува да почнат по предвремените избори во Велика Британија, на 8 јуни.
Каков договор и да се постигне меѓу Лондон и 27-те земји членки на ЕУ, тој ќе треба да биде одобрен од Европарламентот.
- Сакаме да ги гарантираме правата на граѓаните, на европските граѓани кои живеат во Обединетото кралство, и на британските граѓани кои живеат во ЕУ. Тоа е најважната порака, рече Тајани по средбата со Меј.
„Ова беше добар почеток. Сега треба да пристапиме кон реализацијата“, додаде тој.
Ново на Сител
-
Екстрадиран Бесим Красниќи
-
Полуматуранти од Црна Гора го запалија училиштето | ВИДЕО
-
Мицотакис: Без почитување на Договорот од Преспа, патот кон Европа ќе остане затворен
-
Унгарија стави вето на резолуцијата на Советот на Европа за Украина
-
Бербок: На Украина и е потребно оружје со долг дострел
-
Работна средба на Стопанската комора со раководството на „Македонија 2025“
-
Краткотрајно невреме следните денови, со пороен дожд, град и грмежи
-
Ново задолжување од 35 милиони евра