Тага на гробиштата: Драган го испратија со песната „Пукни зоро“
Драган Гага Тешиќ (15) кој загина во страотната сообраќајна несреќа на својот 15-ти роденден, вчера со солзи е испратен во вечното почивалиште, каде неговиот најдобар другар Алекандар Станковиќ ја запеа неговата омилена песна „Пукни зоро“.
Детето последно се прости од другарот на Новите гробишта во Обреновац. Песната ја отпеа на молба од таткото на Гага и веднаш потоа почна да плаче. Мајката на настраданото момче го гушна, и му се заблагодари со зборовите: Сигурно му ја исполни желбата! Ти си мојот втор син, ти благодарам. Набрзо потоа почна да грми и силно да врне, а насобраните коментираа: „За Гага и небото плаче“. Од Гага со говор се простија и неговиот другар од одделението и наставничката.

Несреќата се случи на 13 јуни, рано утрото кгоа џипо „чироки“, во кој беше Гага со тројца другари се заби во ѕид од игротека. Станислав Петковиќ (23) кој го возеше џипот почина во вторниот во Клиничкиот центар од здобиените повреди.
Ново на Сител
-
Утрово во Албанија регистриран земјотрес со јачина од 3,2 степени
-
Ѓоковиќ обезбеди четвртфинале во Мајами
-
Русија и Украина договорија прекин на огнот во Црното Море
-
Николоски: Започнуваме борба против административната мафија
-
Македонија одигра нерешено со Велс
-
На Факултетот за музичка уметност ќе се одржи комеморација за Сара Пројковска
-
Без струја делови од Аеродром, Карпош и Кисела Вода
-
Нови претреси и распити во истрагата за пожарот во Кочани, пет пациенти во критична состојба