Фудбал
15. July 2023 - 12:27

Тадиќ по пет сезони го напушти Ајакс

Капитенот на српската фудбалска репрезентација Душан Тадиќ стави крај на соработката со холандскиот гигант Ајакс во чиј редови мина пет сезони.

Холандскиот клуб соопшти дека ја испочитувал желбата на Тадиќ за предвремен раскин на договорот чија важност беше до 30 јуни 2024 година.

Тадиќ во Ајакс дојде во 2018 година од Саутемптон и со клубот од Амстердам освои три холандски титули.

Во дресот на Ајакс одигра 241 натпревари, постигнувајќи 105 голови, а запиша и 112 асистенции.

Сè уште не е познато каде Тадиќ ќе ја продолжи кариерата, а холандските медиуми јавија дека е најблиску до трансфер во турски Бешикташ.