Тачи потпиша декрет за распуштањето на Собранието, но го објавува датумот на изборите
Косовскиот претседател Хашим Тачи денеска го потпиша указот за распуштање на Собранието на Косово, меѓутоа не го соопшти датумот на одржување на вонредните избори во земјата, јави дописникот на МИА од Приштина.
Тачи информацијата ја објави преку својата страница на Фејсбук, од каде што, покрај факсимил на указот, порача дека наредните избори ќе претставуваат „дополнителен тест за јакнењето на демократијата во Косово“ и изрази уверување дека тој тест „институциите, политичките субјекти и граѓаните ќе го поминат со голем успех“.
Косовскиот претседател најави дека многу бргу, откако ќе се консултира со политичките субјекти, ќе го објави датумот на изборите.
– Денеска потпишав декрет за распуштање на шестиот состав на Собранието на Република Косово. По консултациите со политичките партии, согласно моите уставни надлежности, набргу ќе одлучам за датумот на општите предвремени избори, напиша Тачи.
Откако на 19 јули годинава премиерот Рамуш Харадинај поднесе оставка на функцијата, пратениците во косовското Собрание минатиот четврток, на 22 август, со двотретинско мнозинство ја изгласаа одлуката за самораспуштање на законодавниот дом.
Согласно косовските закони, по распуштањето на Собранието, изборите треба да се одржат во рок од 30 до 45 дена, а датум кој најчесто се споменува од партиите и медиумите е 6 октомври.
Ново на Сител
-
Се скарале па го турнал по скали
-
Маж пронајден починат на паркинг во Центар, телото предадено на обдукција
-
Почина работник откако врз него паднал бетонски столб
-
Со скалпел го исекол на вратот и увото, обид за убиство на малолетник во тетовско
-
Вучевиќ: Во септември 2025 година првата класа на Војската на Србија од редовниот регрутен состав
-
Телото на Хасан Насрала е пронајдено, соопштија лекар и припадник на безбедносните сили
-
Во Кичево приведен бегалец од затвор, спроведен е за доиздржување на казната
-
МЗТ Скопје по седми пат го освои Суперкупот