Тачи ги повика косовските Срби да ја поддржат борбата против организираниот криминал

Косовскиот претседател Хашим Тачи порача дека денешната операција на полицијата во северно Косово е за доброто на сите граѓани и ја повика српската заедница да остане смирена и да ја поддржи борбата против организираниот криминал, јави дописникот на МИА од Приштина.
– Институциите на редот и законот имаат потреба од доверба и максимална поддршка на целото општество во борбата против организираниот криминал, шверцот и корупцијата на целата територија на Република Косово, напиша Тачи на својата страница на Фејсбук.
Тој порача дека во втората деценија на постоењето на Косово како држава „нема да има место за организиран криминал“.
– Во втората деценија на Република Косово нема да има место за организиран криминал и тие кои се бават со незаконски активности ќе завршат зад решетки. Денешната операција на полицијата во северно Косово е за доброто на сите граѓани, независно од нивната припадност и ја повикувам српската заедница на север да остане смирена и да ја поддржи борбата против организираниот криминал. Јакнењето на редот и мирот е од животно значење за еднаквоста на сите граѓани и го забрзува нашето движење кон процесите на евроатлантските интеграции, напиша Тачи.
Ново на Сител
-

Средба Муцунски - Кос во Брисел, се бара достоинствено решение на спорот со Бугарија
-

Мицкоски потврди - владина реконструкција во мај или јуни
-

Препораките на ОБСЕ/ОДИХР - основа за измена на изборниот законик
-

СДСМ бара надзорна расправа за примената на Законот за македонскиот јазик - од ВМРО-ДПМНЕ потврдија дека ќе присуствуваат
-

Рекордни 94 годишнини ќе бидат прославени годинава, исклучено одбележувањето на 15-годишнината од смртта на Доста Димовска
-

Преглед на вестите од светот
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини
