Тачи: Дијалогот со Србија е тежок, но тоа е единствениот начин
Косовскиот претседател Хашим Тачи оцени дека дијалогот со Србија е тежок, но оти е едениствен пат да се оди напред.
На форумот "Идната декада на Косово: Унапредување на реформите, регионалната соработка и европската интеграција", Тачи изјави дека следните денови и недели ќе бидат одлучувачки за консолидирање на Косово како држава.
Тој ги поздрави платформата предложена од претседателот на парламентот Кадри Весели за општ политички консензус за прашања од национален интерес, како и платформата на Владата за финализирање на дијалогот со Србија.
- Добредојдени се и ги поздравувам платформите што ги предлагаат политичките лидери, посебно за да постигнеме консензус за последната фаза од дијалогот меѓу Косово и Србија. Обврзувачкиот договор е во полза на двете земји. Тоа го олеснува патувањето кон ЕУ. Знам дека дијалогот со Србија е многу тежок, исто како и посветеноста за помирување, но ова е единствениот начин да се оди напред,истакна Тачи.
Тој посочи дека косовската политика има потреба од длабоки реформи, додавајќи дека е уверен оти втората деценија од независноста на Косово ќе донесе членство на земјата во НАТО.
Ново на Сител
-
Германски претседател: Социјалните мрежи ја уништуваат критичката мисла
-
Почина мотоциклистот по вчерашната несреќа во Ѓорче Петров
-
21-годишник лишен од слобода поради управување возило под дејство на алкохол
-
Почетокот на ГН на Австралија може да биде одложен поради закана од силен дожд
-
Омерагиќ: Во ФФМ затекнав состојба покомплицирана од очекуваното
-
Сабаленка пред финалето со Андреева: Како да играат стара мајка со дете
-
Во Илинден пронајдени човечки коски во шахта
-
АХВ: Вонредни 165 надзори во магацини и ладилници за храна, утврдени недоследности кај 41 оператор