Тачи: Ако тргне војска од Србија кон Косово, ќе се врати како што се врати возот
Апсењето на директорот на српската владина Канцеларија за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ, во понеделникот во Косовска Митровица, е оркестрирано од Србија, со цел да се создаде „комплицирана состојба“, изјави синоќа косовскиот претседател Хашим Тачи.
- Убеден сум дека она што се случи последните денови на северот (на Косово), беше оркестрирано од страна на државата Србија за да се создаде компликувана состојба и да се подготви сценарио планирано од Србија, нагласи Тачи.
Според него, српскиот претседател Александар Вучиќ „му наредил на Ѓуроќ да дојде во Косово“.
Кога станува збор за некои закани што дојдоа од Србија во врска со инцидентот во Косовска Миторвица, според Тачи, тие претставуваат само празни зборови.
- Ако тргне војската, ќе се врати како што се врати и возот. Заканите на Вучиќ не импресионираат никого, а најмалку мене, истакна Тачи.
Припадници на косовската полиција во понеделникот вечерта упаднаа за време на одржувањето на средба на локалните Срби во Косовска Митровица, при што беше приведен Ѓуриќ и беа повредени вкупно 32 лица, од кои пет потешко, а меѓу нив и косовскиот министер за земјоделство Ненад Рикало.
Ново на Сител
-
Сакал да пренесе сопатник без документи преку граница - Уапсен маж на ГП Богородица
-
64 годишен скопјанец кој исчезна пред 10 дена пронајден мртов
-
Девизните резерви во октомври зголемени за 568,9 милиони евра
-
Кривична пријава против 66-годишник за демнење на началник во ОВР Неготино
-
Илиоски со златен медал на Европското кикбокс првенство во Атина
-
Кремљ: Путин е подготвен да разговара за Украина со Трамп, но не ги менува своите барања
-
Народна банка: Се очекува забавување на инфлацијата и во следните години
-
Гробница првпат отворена по 2500 години, презентирани вредните наоди откриени во охридско-струшкиот регион