Таа поминува низ тежок период - Карлеуша си ја отвори душата пред јавноста
Поп ѕвездата Јелена Карлеуша проговори за најболната тема која ја погодува секоја жена.
Таа откри дека не може повеќе да има деца и дека не може да својот сопруг, фудбалеот Душко Тошиќ да му ја исполни желбата да добие син.
Пејачката која секогаш остава впечаток на силна жена, призна дека е многу ранлива и нежна, и дека проблемите со здравјето не ѝ дозволуваат да го прошири семејството.
-Душко пред сѐ мора да сфати дека е многу тешко да добиеме син. Веројатно би се родило повторно девојче. Кога разговараме за тоа, јас му го кажувам сето тоа на тој начин што го премислувам за идејата да правиме трето дете. Иако јас нималку не би се бунела ако добиеме уште една ќерка. Јас сум здравствено многу лошо и поради тоа повеќе не можам да имам деца. Имав три царски реза, два поради породувањата иеден поради хируршка интервенција. Бременоста ќе биде многу опасна за мене - признала Карлеуша.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Елмедин Конаковиќ, Министер за надворешни работи на БиХ
-
Да се симнат табуата и мажите почесто да прават лекарски прегледи
-
До утре комплетен список на министрите на Владата на Мицкоски
-
Тивок бојкот во СДСМ
-
Ќе плаќаме ли поскапа струја од 1 јули?
-
Зголемен обем на работа во ГОБ 8 септември поради хаосот со салите на Клинички, а кадарот масовно си заминува
-
Спасителите на вода неопходност за безбедни капалишта
-
Националната земјоделска мрежа ги утврди производната и откупната цена на пченицата