СЗО: Замрзнувањето на помошта од САД загрозува милиони животи на заболени од туберкулоза
Замрзнувањето на американското финансирање за програмите за туберкулоза става во опасност милиони животи ширум светот, предупреди синоќа Светската здравствена организација (СЗО), агенцијата на ОН од која САД планираат да се повлечат.
СЗО проценува дека глобалните напори за борба против туберкулозата, најсмртоносната заразна болест во светот, спасиле повеќе од 79 милиони животи во изминатите две децении, се вели во соопштението.
Сепак, овој напредок е загрозен од замрзнувањето на американската помош од која зависат многу организации, особено во сиромашните земји.
- Ненадејните буџетски кратења сега се закануваат да го вратат тешко постигнатиот напредок во борбата против туберкулозата, „ставувајќи ги милиони луѓе, особено најранливите, на голем ризик, предупредува СЗО.
Американскиот претседател Доналд Трамп на 20 јануари потпиша извршна наредба со која се наредува 90-дневно замрзнување на американската странска помош.
Ново на Сител
-
Јужнокорејскиот претседател и јапонскиот премиер се договорија да ги зајакнат врските
-
За една недела санкционирани 101 непрописно паркирани возила во Центар
-
Најмалку 56 уапсени во Лос Анџелес поради учество на протестите против рациите на имигранти
-
Приведен струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов
-
Најмалку 15 студенти загинаа во автобуска несреќа во Малезија
-
Нови цени на горивата
-
Путин ја одобри Стратегијата за развој на руската морнарица до 2050 година
-
Истрага против уште едно лице за пожарот во кочански “Пулс”