-->
-->
СЗО: Вакцините против КОВИД-19 достапни во декември
-->
Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека вакцините против Ковид-19, најверојатно, ќе бидат достапни во декември или почетокот на 2021 година за доставување до регулаторите за одобрување.
„Многу е охрабрувачки да се види напредок во клиничките испитувања во целиот свет. Како што знаете, имаме 40-ина кандидати за вакцина во одредена фаза на клинички испитувања, а десет од нив се во трета фаза, а тоа се клинички испитувања во доцна фаза, што ќе ни дадат информации за ефикасноста и безбедноста“, изјави Сумја Сваминатан, главен научник на СЗО.
Таа исто така рече дека најраниот датум кога вакцината може да се најде на пазарот е од почетокот на декември 2020 година до почетокот на 2021 година.
Д-р Маријангела Симао, директор на СЗО за пристап до лекови и здравствени производи, рече дека развиената вакцина ќе мора да биде лиценцирана во земјата каде што се одржало испитувањето.
„Имаме и производствен капацитет, кој ќе биде потребен за употреба на државно ниво. Треба да се преземат толку многу чекори откога нејзиното испитување во третата фаза е всушност завршено“, објасни Симао додавајќи дека СЗО работи многу тесно со националните регулатори.
Претходно, Тедрос Гебрејесус, генералниот директор на СЗО, се изјасни против концептот за постигнување имунитет на стадо, со тоа што вирусот се шири. Гебрејесус рече дека никогаш во историјата на јавното здравство не бил користен имунитет на стадо како стратегија за одговор на епидемија на болести, а камоли на пандемија.
Како пример тој наведе дека речиси 95 проценти од населението треба да бидат заразени заради имунитет на сипаници.
„Преостанатите пет проценти ќе бидат заштитени со фактот дека малите сипаници нема да се шират меѓу оние што се имуни. Ова е научно и етички проблематично. Прво, не знаеме доволно за имунитетот на Ковид-19“, додаде тој.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата