СЗО: Ризикот од омикрон останува многу висок
Светската здравствена организација (СЗО) денеска издаде соопштение за омикрон, во кое се наведува дека ризикот поврзан со оваа варијанта останува „многу висок“.
– Врз основа на достапните докази, ризикот поврзан со омикрон останува висок.
Омикрон расте многу побрзо од делтата, што доведува до големо ширење во заедницата, а со тоа и поголема инциденца отколку што сме виделе во пандемијата претходно, соопшти СЗО. СЗО додава дека, и покрај тоа што е помала веројатноста од сериозен тек на болеста отколку кај претходните видови, омикрон е многу заразен што резултира со зголемени хоспитализации и продолжување на притисокот врз здравствениот систем во многу земји, што може да доведе до значителна смртност, особено кај луѓето со чувствително здравје.
– Во многу земји се пријавени многу хоспитализации и приеми на интензивна нега, бидејќи ова се нивоа на инфекција што не ги видовме за време на пандемијата. Потребни се повеќе податоци за да ја сфатиме јачината на сојот, според количината на потрошениот кислород, употребата на респиратори и бројот на смртни случаи од омикрон, се додава во соопштението.
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива