СЗО: Раст на бројот на заразени со Ковид-19 во светот
Во изминатите 24 часа во светот се регистрирани околу 214.000 нови случаи на заразени со Ковид-19, така што вкупниот број денеска е 20,16 милиони, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).
Досега од Ковид-19 починале 737.417 луѓе во светот, 4.835 само во последните 24 часа.
Најголем број потврдени случаи се уште во Северна и Јужна Америка, 10.799.062, од кои 101.230 се новозаразени во последните 24 часа.
Досега во Европа се потврдени 3.641.603 заразени и 217.716 смрти случаи, а 2.757.822 заразени и 55.564 жртви во Југоисточна Азија.
САД се уште водат според бројот на потврдени случаи -19, 5.039.709, по што следува Бразил со 3.057.470 заразени, Индија со 2.329.638, Русија со 902.701, Јужна Африка со 566.109, Мексико со 485.836, Перу со 483.133, Колумбија со 397.623, Чиле со 376.616 и Иран со 331.129 заразени.
Ново на Сител
-
Камала Харис ги повикува Американците да му се спротивстават на Трамп
-
Ѓорческа против Тихонова во 2. коло на ИТФ турнир во Грузија
-
Мисајловски: Грижата за правата на вработените во Армијата и Министерството не е само обврска, туку и вредност што нѐ води кон силна и модерна одбрана
-
Првомајска честитка од СПМ
-
САД и Украина го потпишаа договорот за пристап до ретките минерали
-
ССМ на протест за повисоки плати и подобри услови за работа
-
Трамп: Канадскиот премиер Карни ќе ги посети САД следната недела за склучување трговски договор
-
На ГП Табановце и на Богородица се чека околу 30 минути