СЗО: Нема причина за прекин на употребата на вакцината на АстраЗенека
Светската здравствена организација соопшти денеска дека нема причина да се прекине употребата на вакцината на АстраЗенека против Ковид-19, откако неколку европски земји времено ја суспендираа имунизацијата на населението со оксфордската вакцина поради страв од згрутчување на крвта по примање на дозите.
СЗО објави дека комитетот за вакцинација моментно работи на проценка на безбедноста на вакцината на АстраЗенека, нагласувајќи дека не постои никаква поврзаност меѓу вакцината и згрутчување на крвта, пренесува веб-страницата Медикал експрес.
– Астразенека е одлична вакцина, како и останатите кои се во употреба. Ние ги разгледавме извештаите за смртни случаи. Нема докази за смрт поврзана со вакцинација со оваа вакцина. Да, треба да се продолжи со давање на АстраЗенека, но секој случај каде што е пријавен проблем треба да се испита, изјави портпаролката на СЗО, Маргарет Харис.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости