СЗО: Нема докази дека новата варијанта на коронавирусот се однесува поинаку
Светската здравствена организација денеска соопшти дека е запознаена со новата варијанта на коронавирусот, која се појави во Велика Британија, но дека нема докази дека овој вид се однесува поинаку од постојните видови на вирусот.
– Ние сме свесни за оваа генетска варијанта, која е пријавена кај 1.000 луѓе во Англија, рече директорот на програмата за СЗО за вонредни ситуации Мајк Рајан на брифинг со новинарите во Женева. Тој додаде дека официјалните лица го разгледуваат неговото значење.
– Видовме многу варијанти, овој вирус се развива и се менува со текот на времето, рече Рајан.
Претходно денеска британскиот министер за здравство Мет Хенкок изјави дека е идентификувана нова варијанта на коронавирусот. Според него, тоа може да го објасни скокот во случаите на југот на Англија, објави „Гардијан“.
Првичната анализа сугерира дека оваа варијанта се развива побрзо од постојните варијанти.
– Во моментов идентификувавме повеќе од 1.000 случаи со оваа варијанта, претежно во јужниот дел на Англија, иако се идентификувани такви случаи во скоро 60 различни локални области, и бројот рапидно расте, рече тој.
Хенкок рече дека е известена Светската здравствена организација.
Тој уште истакна дека здравствените експерти оценуваат дека е „многу неверојатно“ дека вакцината нема да функционира на новата варијанта, но дополни дека се прават дополнителни тестови за да се утврди евентуална резистентност.
Ново на Сител
-
2023 сообраќајни прекршоци изминатите три дена, 362 за брзо возење
-
Во Велес синоќа се запали куќа од удар на гром, повредени нема
-
Манчестер јунајтед претрпе 20 порази во една сезона за прв пат по 50 години
-
Вардар го освои Купот на Македонија
-
Каја Калас: Враќање на Западниот Балкан
-
Може ли финско-руската граница да биде следната зона на конфликт по војната во Украина?
-
Опожарено „БМВ“ во движење во близина на граничниот премин Табановце
-
УКИМ одбележува 76 години од основањето