-->
-->
СЗО: Бројот заразени со хантавирусот се искачи на 13, ситуацијата и натаму стабилна
-->

Бројот потврдени случаи на инфекција со хантавирус поврзани со првичното избувнување на заразата на холандскиот крузер се зголеми на 13, соопшти денеска Светска здравствена организација (СЗО).
Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, на платформата „Икс“ наведе дека Шпанија пријавила нов случај кај патник во изолација, со што вкупниот број на заразени се искачи на 13.
Тој додаде дека досега има три смртни случаи, но дека од 2 мај не се регистрирани нови смртни исходи, нагласувајќи дека ситуацијата останува стабилна и дека заразените добиваат соодветна медицинска нега.
Сите патници од крузерот „MV Hondius Luxury“ беа евакуирани во последните две недели.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

За првпат во Македонија ќе се полага три вида матура
-

Македонците одбиваат пари за да го променат политичкото убедување покажуваат европските истражувања
-

Преглед на вестите од светот
-

Муцунски: Не сум оптимист по последната средба
-

Инклузија на младите во политиката
-

Во струмичкиот затвор осудени лица добиваат можност да го завршат средното образование
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Фатмир Битиќи, пратеник од СДСМ
