СЗО: ОН бараат начини да ги евакуираат пациентите од Ал Шифа, но опциите се ограничени
Обединетите нации разгледуваат начини за евакуација на пациентите од болницата Ал Шифа во Газа, но опциите се ограничени поради безбедносни и логистички пречки, изјави денеска Рик Бренан, висок претставник на Светската здравствена организација (СЗО).
-Една пречка е што палестинската Црвена полумесечина нема доволно гориво за амбулантните возила да ги евакуираат пациентите, изјави Бренан за британските медиуми.
Тој од Каиро, каде во моментов се наоѓа, кажа дека Египет е подготвен да испрати свои амбулантни возила во Газа, да помогне во евакуација на луѓето, се додека има безбедносни гаранции и безбедно поминување.
СЗО верува дека во болницата Ал Шифа има околу 600 пациенти, од кои 27 критични.
По повеќе дневна опсада, вчера во најголемата болница во Газа упадна израелската армија, додаде Бренан.
-Размислуваме за целосна медицинска евакуација, но таму има голем број безбедносни и логистички пречки. Нашите опции се ограничени, но се надеваме дека ќе имаме подобри вести во следните 24 часа, рече Бренан.
Приоритет ќе имаат лицата во критична состојба и 36 новороденчиња, кои немаат пристап до инкубатори, бидејќи нема гориво, рече претставникот на СЗО.
Ново на Сител
-

УНИЦЕФ: Речиси осум милиони деца во светот се неисхранети, секое петто дете умира од глад
-

Зголемен транспортот на стока со камиони во четвртиот квартал лани
-

Алиу: Одземени лиценците на шест компании кои одгледуваат марихуана за медицински цели поради констатирани недоследности
-

15-годишник украл паркиран автомобил и крадел од приватни имоти во Куманово
-

Тешко повреден 14-годишник откако со „опел“ се забил во бетонски столб во Прилеп
-

Патот кон Теферич затворен за сообраќај
-

Скопскиот аеродром доби награда „Најпријатно аеродромско искуство во Европа“ за 2025 година
-

Стојаноски: Предложени законски измени со кои платите на функционерите се намалуваат за 10-13 илјади денари, средствата остануваат за граѓаните
