СВР Скопје за видеото во кое лице напаѓа случајни минувачи, познаници се скарале, па се смириле

МВР ги демантира дезинформациите во врска со денешна објава во која машко лице напаѓа случајни минувачи во Ченто. Од страна на полициски службеници од Полициска станица Гази Баба преземени се оперативни мерки и случајот е расчистен, а лицето е пронајдено и со него е извршен службен разговор. Имено, станува збор за Љ.С.(57) од Скопје, со престојувалиште во скопско село, кој појаснил дека инцидентот кој го направил, односно на кој е снимен и објавен на портали и социјални мрежи бил насочен исклучиво кон неговиот познаник А.Д.(51), од скопско, со кого имаат нарушени пријателски односи, при што немал намера да го нападне, туку само го турнал и влечел. Исто така, извршен е разговор и со А.Д., кој го потврдил исказот на познаникот и изјавил дека малку подоцна меѓусебниот проблем го надминале и се смириле.
Од страна на Полициска станица Гази Баба против Љ.С. ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Ново на Сител
-

Радев победи на изборите во Бугарија, неизвесно формирање на стабилна влада
-

Со нови линии до повеќе туристи
-

Тема на денот со Владимир Владимиров, политички аналитичар
-

ИПР со регионално решение за кучињата скитници
-

Бугарија гласа: Уште еден обид за стабилна влада и подобри односи Скопје-Софија
-

Бугарите во Македонија гласаат без проблеми
-

Мицкоски очекува проевропски премиер во Бугарија
-

Власта задоволна - опозицијата бара нови мерки против кризата
