СВР Скопје: Децата се повредиле додека кршеле инвентар во дневната соба

СВР Скопје целосно го расчисти кривично правниот настан од вчера (12.07.2024) кога во куќа во Скопје беа пронајдени четири малолетни лица, од кои две во безсознание, кои со возило на Итна медицинска помош веднаш беа пренесени на Клиниката за токсикологија. Од страна на полициски службеници на СВР Скопје веднаш се преземени голем број на оперативно тактички мерки и дејствија, со цел расветлување на настанот и утврдување на точната фактичка состојба.
Притоа, од страна на увидна екипа од ЕУМНА во присуство на јавен обвинител и доктори од ИСМК беше извршен увид, при што се подигнати повеќе материјални траги кои се предадени за вештачење.
Од извршените разговори со малолетните лица е констатирано дека тие во текот на вечерта на 11.07.2024, пристигнале на наведената адреса, во куќа во која понекогаш престојувало едно од малолетните лица, а куќата е сопственост на Д.Ѓ. (40), кој бил во пријателска врска со роднина на малолетникот.
Во текот на вечерта, малолетните лица консумирале поголема количина на алкохолни пијалоци, а во еден момент, од страна на Д.Ѓ. на четирите малолетни лица им било понудено и овозможено консумирање на одредени медикаменти.
Со тоа, малолетните лица се довеле до полусвесна состојба, со неконтролирано однесување, при што искршиле дел од инвентар во дневната соба во која престојувале, и при тоа се здобиле со повреди.
Д.Ѓ. е лишен од слобода и со него е извршен разговор во кој ги потврди исказите од малолетните лица.
Од страна на полициски службеници од Единица за насилен криминал - Одделение за крвни и сексуални деликти до ОЈО Скопје, против Д.Ѓ. е поднесена кривична пријава во брза постапка, за кривично дело „тешки дела против здравјето на луѓето“ по чл.217 ст.1, а во врска со кривично дело "производство и пуштање во промет средства за лекување“ предвидено и казниво по член 212 ст.1 од КЗ.
Д.Ѓ. (1984) е изведен пред Судија на претходна постапка.
Ново на Сител
-

Украден „голф“ кој бил паркиран со клуч на бравата - возачот удрил во маркет и повредил вработена
-

Кумановец сакал да откупи крипто валути, останал без 43.750 евра
-

МЗШВ: Засилени контроли на АХВ во Липково поради појава на сипаници кај овците и козите
-

Јаневска: Нема потреба од повлекување на законот за високо образование, нема многу забелешки, сите разумни ќе бидат прифатени
-

Зеленски: Следните мировни преговори ќе се одржат во Абу Даби на почетокот на март
-

Oткриен обид за шверцување 4.800 пакувања никотински кесички во вредност од 1,2 милион денари
-

Дала 2.700 евра а барала да се вратат 15 илјади евра, уапсена 53 годишна лихварка во Струмица
-

Дете извадило нож во ОУ „Киро Глигоров“, мајката потпишала изјава дека ножот во ранецот го ставила по грешка
