СВР Куманово: Групата граѓани – странци, имаат легален престој, деновиве ќе ја напуштат државата
Групата граѓани странци, кои се во Куманово, припадници на Еврејска верска заедница, имаат легален престој и привремено престојуваат во државата. Во наредните денови ќе ја напуштат државата, информираа денеска од СВР Куманово.
Кумановската полиција повика на толерантност, откако кумановци покажаа интерес за овие граѓани кои се сместени во приватни куќи во кумановската населба Зелен Рид.
– Секторот за внатрешни работи Куманово ја информира јавноста дека групата лица забележана во Куманово претставува група припадници на Еврејската верска заедница. Овие лица ги почитуваат законите на Република Северна Македонија, се целосно со легален престој тука, и привремено престојуваат во нашата држава, соопштија од СВР Куманово.
Во групата, како што информираат од кумановската полиција, има американски, канадски, белгиски и граѓани од Јужна Америка, кои, како што посочија од СВР Куманово, имаат легални патни исправи односно документи и имаат одобрен престој во Република Северна Македонија.
– Според информациите со кои располага МВР, групата е во постојано движење и во наредните денови се очекува да ја напуштат нашата држава. СВР Куманово ги информира граѓаните на Куманово дека наведената група не претставува никаква опасност и апелира на толеранција и солидарност кон истите, соопштија од СВР Куманово.
Претходно денеска и кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски рече дека кумановци се гостопримливи за сите добронамерници и дека официјалните институции ќе дадат официјално известување за групата граѓани странци кои престојуваат во Куманово.
Ново на Сител
-
70 телефони конфискувани во еден ден во затворот Шутка
-
Тема на денот со Александар Пандов
-
Возачот што ја прегази Фросина ќе се гони за кривично дело со умисла
-
Возачот што ја прегази Фросина ќе се гони за кривично дело со умисла
-
Филков ја разреши Даниела Алексовска Стојановска од работната група за измените во Кривичниот законик
-
ВМРО–ДПМНЕ и СДСМ продолжуваат со препукувањата за судијката Алексовска Стојановска
-
Собранието со јавна расправа за подобра безбедност во сообраќајот
-
Запленети 1 милион евра во акцијата Вардар, фалсификувани пари пронајдени и во 6 европски држави