СВР Куманово демантира дека имало обид за киднапирање дете во центарот на градот
Кумановската полиција ги демантира информациите за грабнување на дете во централното градско подрачје во Куманово, кои се шират по социјалните мрежи и апелираше до граѓаните да не наседнуваат на вакви лажни вести. Вчера, информацијата за обид за киднапирање на дете се појави во група на социјалната мрежа на Фејсбук.
–Секторот за Внатрешни работи Куманово најостро ги демантира дезинформациите и лагите за обид за грабнување на дете во самиот центар на градот, поточно во близина на црквата „Св.Никола“ што неодговорни поединци ги шират на социјалните мрежи. Ваков случај нема ниту на оваа локација, ниту било каде на територијата на Секторот за внатрешни работи Куманово, се наведува во соопштението на СВР Куманово.
Од кумановската полиција аплеираат до граѓаните да не наседнуваат на вакви лажни вести и дезинформации, со кои како што се наведува во соопштението , одредени поединци сакаат да предизвикаат страв и несигурност. Од кумановската полиција апелираа до граѓаните да се информираат од проверени извори на информација.
-Секторот за Внатрешни работи Куманово стои на располагање за каква било информација, со цел да спречи ваквото ширење на лажни вести- се наведува во соопштението на СВР Куманово.
Ново на Сител
-
Му дала 18.500 евра за да и ја направи куќата, останала и без пари и без куќа
-
Авион кружи над Скопје и не може да слета поради густа магла
-
174 ученици отпишани во првото полугодие во Куманово, минатата година се отпишале 131
-
Без вода дел од корисниците на бул. „Видое Смилевски-Бато“ во Аеродром
-
Александар Камбовски е нов претседател на Судскиот совет
-
Со возилото кое излета во Вардар управувала една од починатите жени
-
Најмногу очекуваните 25 филма за 2025 година
-
Човекот во автомобилот-бомба пред хотелот на Трамп извршил самоубиство пред експлозијата