СВР-Битола со претпразнични препораки и предупредувања

Секторот за внатрешни работи-Битола во пресрет на претстојниот празник Илинден јавно препорача и предупредува за безбедно одвивање на сообраќајот, да се почитуваат сообраќајните знаци, прописи и наредби на полициските службеници.
Од СВР-Битола нагласуваат дека секогаш, а и за време на празникот, не е дозволено управување на возила под дејство на алкохол и наркотични средства, без возачка дозвола и технички неисправни возила.
– Поради големиот број на прослави, собири и манифестации на подрачјето на СВР-Битола, каде ќе има масовно собирање на граѓани, апелираме до сите граѓани да не го нарушуваат јавниот ред и мир. Забрането е неовластено пукање и употреба на оружје и пиротехнички средства, учествување, предизвикување или поттикнување друг на тепачка, оддавање на пијанство на јавно место или нарушување на јавниот ред и мир во пијана состојба, посочуваат од СВР-Битола и додаваат дека граѓаните треба да го заштитат својот имот, односно додека се движат во места каде има повеќе народ да внимаваат на својот паричник, мобилен телефон и други вредни предмети.
Од СВР-Битола во јавното соопштение посочуваат на внимателно користење на социјалните мрежи како и објавувањето на слики и места каде граѓаните се во моментот, со што им се укажува на останатите дека не се дома а со тоа стануваат лесен плен за кражба.
Ново на Сител
-

Најевтините 10 и најскапите 10 градови во Европа за туристите
-

Лани дипломирале 7 612 студенти, 27.3 проценти во областите бизнис, администрација и право
-

Ограбен велосипедист во Скопје
-

Полицаец од Битола лажно сведочел дека возилото на неговиот брат е во сопственост на МВР за да избегне казна
-

Андоновски: Оптимистичко сценарио е укинување на роаминг со ЕУ од 1 јануари 2027, рокот не зависи од нас, туку од Унијата
-

Во првиот квартал помалку бракови, а повеќе разводи
-

Негативен природниот прираст во 66 општини во првиот квартал
-

Зголемен прометот во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун во април, намален кај горивата
