СВР-Битола со препораки до граѓаните за безбедно прославување на празниците
СВР-Битола упати јавни препораки и совети за безбедно прославување на Новогодишните и Божиќните празници.
Од секторот за односи со јавност посочуваат на внимателно учество во сообраќајот и избегнување на управување со возило доколку возачите конзумирале алкохол и да не се користат пиротехнички средства за време на празничните прослави.
-Сообраќајните незгоди и незгоди од користење на пиротехнички средства се најчестите проблеми кои се случуваат за време на празничните прослави, но не ретко се случуваат и други проблеми и затоа препорачуваме да не се користи огнено оружје, да се внимава кога се слави на отворено место или во друга држава, истакна Сања Стаматова, портпарол на СВР-Битола.
Од СВР-Битола посочуваат граѓаните кои за време на празниците ќе бидат надвор од својот дом, задолжително да го обезбедат и заштитат од кражби, посебно на вредните предмети.
-Советуваме внимателно користење на социјалните мрежи како и објавување на слики, места и слично со што им се укажува на останатите дека во моментот не сте дома и станувате лесен плен за кражба, појасни Стаматова.
Ново на Сител
-
Утре во Штип, Кочани, Облешево и Скопје ќе биде погребот на починатите во пожарот
-
Кочанскиот суд го продолжил притворот од 48 часа за десет лица, за шест се одлучува
-
Домот на Советот на градот Перт прекриен во боите на македонското знаме
-
Во Делчево одржан академски час за загинатите во несреќата во Кочани
-
Утре и во петок сончево и потопло, викендот облачно со локален дожд
-
Приведени три лица за кражби во куќи во Прилеп
-
Досега собрани 20.932.654 денари за настраданите, хуманитарната акција продолжува
-
Причината за убиствата на Вања и Панче е прашање за Палевски, вели Манев