Свлечиштето во Булачани ќе се санира денеска
Свлечиштето во село Булачани, кое настана како резултат на невремето што го зафати скопскиот регион, според проценките, се очекува да се санира попладне.
На терен работи механизација, како и припадници на полицијата и војската.
Министерот за внатрешни работи Митко Чавков денеска го информираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој беше во обиколка на теренот, дека во Булачани, Црешево и Смилковци се распоредени и работат околу 300 припадници на МВР и оти во текот на утрешниот ден половина од нив ќе може да се дислоцираат во другите населени места каде што е потребно, како што се Инџиково, Економија и Сингелиќ.
Жителите на Булачани побараа да се зголемат цистерните со вода или набавката со флаширана вода, а исто така и да се обезбедат комбиња со кои ќе може да се превезуваат до своите работни места.
Во ова населено место во тек се и активностите за решавање на проблемот со струјата која ја нема во дел од домовите во селото.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Кржаловски
-
Филипче: Родовите прашања се сведуваат на прашања за доминација, тоа е погрешно
-
Интервентни мерки во вторник за поевтина храна, најави премиерот
-
Најави за странски инвестиции
-
Полициските контроли резултираа со намален број на интервенции на сообраќајки на Брзата помош
-
Тошковски: Селективната примена на закони ја загрозува правдата
-
Мицкоски: Победуваме на локални, имаме предност од 4:1
-
Мицкоски бара јавен притисок за промени во Судскиот совет