Свлечиште на патот кон туристичката населба Равна река кај Пехчево
Сообраќајот кон туристичката населба Равна река во Пехчево се одвива по една коловозна лента поради свлечиште во должина од 4 до 5 метри во непосредба близина на месноста Суви Дол. Причина за свлечиштето, како што информираат од општина Пехчево, најверојатно се врнежите од дожд.
Градоначалникот на општината Игор Поповски изјави дека екипа од општината и од јавното комунално претпријатие „Комуналец“ се на терен и работат на санирањето.
- Работниците со соодветна механизација уште веднаш излегоа на терен и почнаа да го санираат патот. Во моментот, за сообраќај е проодна едната сообраќајна лента. За неколку часа се очекува да биде санирана и другата сообраќајна лента, со што сообраќајот на патот Пехчево – Равна река ќе се одвива без ограничување, истакна Поповски.
Тој апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни при движењето на патот, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да ја прилагодат брзината на движење кон условите на патот.
Ново на Сител
-
Трудо: Ќе бидеме со Украина, колку што е потребно, со сè што е потребно
-
Најави за зголемување на расходите за одбраната и повторно вооружување на Европа
-
Македонските каратистки балкански првенки во кати
-
„Блу гоуст“ слета на Месечината
-
Стармер: На Самитот во Лондон договорени четири клучни чекори
-
Маската „Танц на ангелите“ најдoбрa на Прилепскиот карневал
-
Приведени двајца охриѓани, при претрес на возилото пронашле дрога
-
Стармер: Мировен исход за Украина би бил клучен и за стабилноста на Европа