Свлечиште на патот кон манастирот „Св.Јоаким Осоговски“
Повторно се активираше свлечиште на локалниот пат кон манастирот „Св.Јоаким Осоговски“ кај Крива Паланка. Свлечиштето е на старата траса на патниот правец, на околу 100-150 метри од објектите на манастирскиот комплекс.
Од општина Крива Паланка информираат дека се работи за свлечиште од поголеми размери кое го отежнува нормалното одвивање на сообраќајот.
- Преземаме активности на критичниот дел за да се овозможи неопходно одвивање на сообраќајот, но во моментов не е можно целосно санирање на свлечиштето поради големиот обем и неповолните временски услови. Критичното место е соодветно означено и сообраќајот се одвива на стеснет дел од коловозот, посочуваат од општината.
Апелираат граѓаните да не ја отстрануваат или оштетуваат поставената сообраќајна сигнализација и да бидат осебено внимателни при движење на тој дел од патот.
Се препорачува до санација на свлечиштето за сообраќај да се користи новоизградениот патен правец до манастирот т.н. Руски пат.
Ново на Сител
-
Тема на денот за придобивките од членството во НАТО
-
Едно лице задржано во полиција по убиството во Тетово
-
Почна посетата на Вашингтон на владината делегација предводена од Мицкоски
-
Фрчковски повикан на консултации во МНР
-
Симовски: Бројките од пописот во Албанија се резултат на интензивна бугарска пропаганда
-
Засилени полициски контроли на најфреквентните места
-
Фестивалски викенд во Кратово „Златни денови 2024”
-
Аутдор фестивал „When in Krusevo“ по 8-ми пат