Тенис
13. August 2017 - 21:12

Свитолина победничка на „Роџерс купот“ во Торонто

Украинката Елина Свитолина е победничка на „Роџерс купот“ во Торонто откако во финалето за 80 минути ја победи Каролине Возниацки со 2-0 во сетови (6:4 и 6:0).
Ова за Свитолина беше петта турнирска победа во 2017 година, а стана прва тенисерка која има три победи во една година на турнирите од серијата „Премиер 5“.
Мечот беше изедначен до финишот на првиот сет кога беше резултатот 4:4, а потоа Свитолина направи серија од осум освоени гема и гол доби мечот.
Свитолина со овој триумф ќе се пробие на 4.место на ВТА листата, додека за Возниацки ова беше шесто загубено финале во 2017 година.