Свинското нема да поскапи за Велигден и Први мај
Цената на свинското месо на македонскиот пазар нема да се зголеми за Велигден и Први мај, објави Групацијата на одгледувачи свињи.
Според Ефтим Шаклев од Групацијата, производителите сакаат македонските граѓани претстојните празници да ги поминат релаксирано и со богата трпеза. Цената не ја зголемуваат и покрај тоа што во соседните земји и во земјите на ЕУ порасна за минимум 30 отсто.
-Зголемувањето на цената на европскиот пазар за минимум 30 отсто се должи на големата побарувачка на свинско месо од Кина. Штом има побарувачка, расте и цената, изјави Шаклев.
Тој засега не открива дали по празниците ќе има поскапување, само вели дека договори ќе има.
Производителите остануваат на барањето за декларацијата на месото во угостителските објекти и продавниците, а своите решенија заедно со Организација на потрошувачи ќе ги презентираат по претседателските избори.
Ново на Сител
-
Меџити: Се зборува дека Груби е во Албанија, Ахмети е во постојан контакт со него
-
814 сообраќајни прекршоци на територија на цела држава
-
Меџити: Химната може да биде само со музика без текст
-
Потпишан Договор за аеропрочистувачи, ќе бидат донирани во болници, градинки, училишта,...
-
Маск поддржа обвинувања дека Зеленски сака „моќ и пари“ наместо мир
-
Приведен 58-годишен маж од с.Чергане, бил баран со потерница
-
Претрес во затворот „Идризово“, полицијата пронашла дрога
-
Уапсен 27-годишник од Радовиш, пронајдена е марихуана и дигитална вага