Тенис
23. August 2019 - 19:39

С.Вилијамс-Шарапова на стартот на УС Опен

Извлечени се натпреварувачките броеви на последниот тениски грен слем ОП на САД. На стартот големо дерби на некогашните ривалки Марија Шарапова и Серена Вилијамс. Серена инаку има рекорд против Русинката од 18-0 но сепак овој меч ќе биде убаво потсетување на некогашното ривалство.

            Првата носителка Наоми Осака ќе игра против русинката Блинкова.

            Интересно на машкиот турнир не може да се очекува финале Ѓоковиќ – Федерер бидејќи финалистите од Вимблдон се најдоа во истата половина па нивната евентуална пресметка може да се очекува во полуфиналето.

            Во другата половина лидер е Рафаел Надал кој за можни противници ќе ги има Чилиќ, Изнер и Зверев.