Свилановиќ: Им честитам на Заев и Ципрас за храброста, постигнаа реален договор
Навистина ја ценам храброста на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас за клучниот договор што го постигнаа, не само за народите на двете земји, туку и за сите нас во целиот регион, изјави во Брисел за МИА генералниот секретар на Регионалниот совет за соработка Горан Свилановиќ.
- Знам дека сите луѓе не се задоволни ниту на едната ниту на другата страна, но јас сметам дека е постигнат реален договор и јас очекувам тоа да го поддржат и граѓаните на референдум, оцени Свилановиќ.
Посочи дека долго време во политиката постоело уверување дека во регионот не е можно да се најде договор и решенија, и оти сега се покажало дека некои луѓе се во состојба да ги решат проблемите.
- Заев и Ципрас имаа храброст за тоа, да ја стават во залог својата политичка кариера, за доброто на луѓето кои ги преставуваат и да се договорат, рече Свилановиќ, додавајќи дека овој договор ќе биде поттик и охрабрување и за Белрад и Приштина.
Свилановиќ истакна оти во поглед на Македонија очекувал похрабра одлука на Европскиот совет, порачувајќи им на политичарите да продолжат да ја водат земјата по овој пат, сметајќи дека досега е направена добра работа.
Ново на Сител
-
Пазарна казни 5 големи ланци на маркети
-
6 пријави за врсничко насилство годинава – Ќе воведат ли властите институционална соработка за справување со оваа појава?
-
Преглед на вестите од светот
-
Пожарот изгасен, обид за кражба во зградата
-
29 години од атентатот врз Kиро Глигоров
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-
Новото раководство на ЕСМ обвинува за хаос во РЕК Битола
-
Тројца загинати во директен судар