Свет
1. јуни 2017 - 9:14

Светски индекс на мирот: Исланд - најмирољубива држава во светотот

Најмирољубива држава во светот е Исланд, се вели во анализата на Светскиот индекс на мирот на лондонскиот Институт за економија и мир.

По Исланд следуваат Нов Зеланд, Португалија, Австрија, Данска и Чешка. Словенија е на седмото место, Канада на осмото, Швајцарија на деветтото и Јапонија и Ирска на десеттото место. 

На последното место е Сирија, а пред неа се Авганистан, Ирак и Јужен Судан и Јемен.

Македонија е на 102 место, последна од државите во регионот. Бележи пад од седум места во однос на ланскиот извештај.

Во регионот највисоко е рангирана Словенија на седмото место, на 31 место е Хрватска, 28 – Бугарија, 56 - Србија, 57 – Албанија, 67 – Црна Гора, 84 – БиХ.