Светски ден на „вранецот“ утре во Скопје

Со Светскиот ден на „Вранецот“ што ќе се одржи утре во Скопје, оваа винска сорта ќе се постави на исто рамниште со останатите денови кога се слават меѓународните сорти ширум светот, информира денеска на прес-конференција Здружението „Вина од Македонија“, што е организатор на настанот.
Елена Младеновска-Јеленковиќ, од Здружението, истакна дека „Вранецот“ е нераскинлив дел од винскиот и културниот идентитет на земјава, но и на целиот балкански регион.
– Сортата оригинално потекнува од Црна Гора, но кај нас е најзастапена и тоа со приближно 11.000 хектари лозови насади. Токму „Вранецот“ овозможува создавање на овошни вина со ароми од капина, темни зрели сливи и ноти на слатки зачини, многу препознатливи и карактеристични по својата интензивна боја. Често се користи и за блендирање со други сорти, бидејќи дава структура на виното, моќ и полност, како и потенцијал за понатамошно зреење, рече Младеновска-Јеленковиќ.
Таа додаде дека се работи за автохтона сорта што е секогаш интересна за меѓународната винска публика, но и за домашната, и има голема отпорност на високи температури
Според неа, оваа винска сорта е „знаменосец“ на балканскиот регион, и како што рече, нејзината светла перспектива во контекст на климатските промени е можеби најзначајната причина поради којашто расте интересот на светските производители за неа.
На настанот предвидено е да има панел-дискусии со светски вински професионалци кои ја истражуваат оваа сорта: Керолин Гилби, Дарел Џозеф и Питер Меккомби, a гости ќе бидат вински новинари од Европската унија, и вински судии од Велика Британија.
Манифестацијата ќе ја поддржат вински професионалци од Словенија, Хрватска, Србија и од земјава. На настанот ќе се одржи и првата дегустација во насока на дефинирање на посебна чаша за „вранец“.
Ново на Сител
-

Папата Лав XIV ги повика богатите католици од САД да продолжат со донациите
-

Јужнокорејскиот министер за надворешни работи разговараше со иранскиот колега за Ормуз
-

Русија за седум дена лансира 1.600 дронови кон Украина, значително помалку од минатата недела
-

МВР: Приведени 14 лица за безобѕирно управување возило, меѓу нив и малолетник без возачка
-

Двајца малолетници повредени при сообраќајка во Штип
-

Приведени пет лица за семејно насилство
-

Приведени двајца кавадарчани, едниот возел без возачка дозвола, другиот под дејство на алкохол
-

Приведено 24-годишно момче кое со нож нападнало две лица во Кичево
