Светски ден на тигрите

Премиерот на Непал, Кадга Шарма Оли, по повод Светскиот ден на тигарот, изјави дека неговата земја е на дофат на поставената цел – удвојување на бројот тигри на својата територија.
– Ние сме целосно посветени на оваа цел во светски рамки – удвојување на бројот на тигри до 2022 година, истакна Оли.
Светскиот фонд за диви животни (ВВФ) проценува дека доколку се одржи сегашната стапка на раст на непалските тигри, земјата би можела да стане првата од 13 држави каде што ќе се оствари ветувањето од Самитот за тигрите во Санкт Петербург, 2010 година.
Од друга страна пак, бројот подвидови на малезискиот тигар сѐ уште е под 200, што е причина за загриженост во Малезија. Според Фондот, денес околу 3.900 тигри живеат во дивината ширум светот, што е огромно намалување во однос на 100.000 од пред сто години, а Малезија е меѓу државите каде што тигрите се најзагрозени.
„Губењето на живеалиштата како резултат на брзиот развој и проширувањето на земјоделските површини, како и прекумерниот лов на тигрите, резултираше во драстично намалување на нивниот број“, се вели во соопштението.
ВВФ исто така предупредува на прекумерната сеча на делови од малезиската џунгла, што е еден од главните фактори во намалувањето на бројот на малезиските тигри.
Ново на Сител
-

Клиперси го разменија Харден со Кливленд
-

Најмалку 35 загинати, речиси 400 повредени во снежни бури во Јапонија
-

13-годишно момче херој во Австралија: Пливал 4 часа за да го спаси своето семејство
-

ДЗС: Отстранети шест артилериски гранати од Првата светска војна во Гевгелиско
-

Најстудено во Берово, Попова Шапка и Маврови Анови
-

Во бродска несреќа, во близина на грчкиот островот Хиос, загинаа 14 мигранти
-

Без вода делови од Центар и Чаир
-

Поведена истрага против Манделсон поради наводно оддавање информации на Епстин
